Top
frazi koi ja unistuvaat vrskata

Фрази кои ѝ наштетуваат на врската

Недостатокот на доверба и љубов се најчестите причини за раскинување на една врска. Освен тоа, постојат неколку фрази кои ги изговараме во моменти на бес и себичност, а кои ѝ наштетуваат на врската и доведуваат до проблеми што ќе предизвикаат раскинување.

„Не е важно“
Ако разговарате за некоја важна тема и разговорот го прекинете со фразата „Не е важно” ќе се разбудите одредени сомнежи кај партнерот, кои најчесто сe неосновани.

„Лажеш“
Во случај кога немате докази дека вашиот партнер ве излажал, обидете се да ги избегнете неоснованите обвинувања. Довербата и добрата комуникација се основа на секоја врска, па затоа ако се сомневате во вашиот партнер, отворено разговарајте со него за да видите во што е проблемот, без непотребни обвинувања.

„А да знаеш мене како ми е…“
Кога вашиот партнер ќе се отвори и ќе каже дека му е тешко, не бидете себични и дајте му повеќе простор. Сослушајте, разберете и подржувајте, а кога вас ќе ви дојде „жолта минута“ и тој ќе го стори истото за вас.

„Ако ти е грижа за мене, ќе го сториш тоа…“
Во љубовта не смее да постојат уцени. Никој не сака секојдневно да ја оправдува својата љубов и начинот на кој умее да сака. Емотивните уцени оптеретуваат и затоа морате да бидете многу внимателни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *