Top

10 интересни факти за бакнежот

Бакнежот од саканата личност претставува симбол на љубов, но и вистински лек против стресот, како и идеална вежба бидејќи при самиот акт се активираат повеќе од 30 мускули и се согоруваат 10 калории во минута. Бакнежот е одраз на нашите чувства, а анализирајќи ја оваа тема научниците дошле до интресни сознанија:

1. Бакнежот не е својствен само за луѓето како начин на изразување емоции, туку и за други видови од животинско потекло.

2. Римските војници го “донеле” бакнежот во многу култури и цивилизации каде дотогаш тој не бил познат. Тие важат за најголеми промотери на бакнежот во целата историја.

3. Првите пишани податоци за бакнежот датираат од пред 2000 години. Во поезијата “Satapa Branama” е опишан допирот на две усни.

4. Љубовта е дрога. Допаминот, карактеристичен за чувството кога сме изненадени или наградени, се лачи во поголеми количини при бакнеж, особени при прв бакнеж со нова личност.

5. Прекумерното лачење на допаминот може да предизвика несоница и намален апетит, кои всушност се симптоми на заљубеност. Допаминот се произведува во вентралната зона на мозокот во која и делуваат и дрогите, како на пр. кокаинот кој создава завист.

6. Бакнувањето и држењето за рака во исто време резултира со намалено лачење на хормонот на стресот – кортизол, што резултира со намален крвен притисок и оптимизација на имунолошкиот систем, тврдат научниците.

7. Страстниот бакнеж влијае на ширење на зениците на очите. Истиот ефект го има отровната билка беладона која е преполна со алкалоиди.

8. Две третини од луѓето ја навалуваат главата кон десната страна додека се бакнуваат, велат германските научници.

9. Психолозите велат дека мажите повеќе преферираат француски бакнеж (со употреба на јазикот) отколку жените.

10. Во текот на бакнувањето се зголемува лачењето на машкиот хормон – тестостерон. Дел од истиот преку размена на плунката преоѓа и останува во женскиот организам што делува на зајакнување на женското либидо, а со тоа и зголемената желба за секс кај жената.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>