Top
Неверство

Емоционално неверство – полошо и од физичкото

Постојат аспекти во врската кои можат да бидат полоши од физичкото неверство. Се работи за емоционално неверство. Познатиот сексолог Трејси Кокс предупредува дека флертувањето со друга особа, додека сте во врска, може да биде поголемо неверство од каков било физички контакт. Најголем виновник за емоционалните неверства се социјалните мрежи, како фејсбук и твитер. Со овие поврзувања, неверството во ова време добива сосема различна димензија. За разлика од порано, можноста за неверство е многу поголема поради забрзаната динамика на животот и пријателите кои ги имаме на социјалните мрежи.

Флертувањето преку друштвените мрежи можеби се чини безначајно, бидејќи нема допири и се случува во еден виртуелен свет. Но, сексолозите предупредуваат дека таквиот вид неверство преминува во навика која може да стане многу опасна.

За да проверите дали сте емоционално неверни, одговорите на следните прашања:

1. Дали се претставувате како слободна личност?
Тоа што избегнувате да кажете дека имате парнер или партнерка, многу јасно кажува дека вие сте отворени за флерт.

2. Замислувате ли секс со пријател од фeјсбук и твитер?
Сите имаат сексуални фантазии во кои не секогаш се вклучени само партнерите. Меѓутоа, доколку замислувате секс игри со некој кој е близу вас, а воедно и достапна личност, тоа може да биде опасно бидејќи таа личност сѐ повеќе и повеќе ќе ја посакувате.

3. Имате ли тајни?
Доколку постојано го криете телефонот од партнерот или партнерката, се трудите да ги избришете пораките, меиловите и сите останати докази кои можат да ве откријат, вие сте тргнале по лош пат. Во цврста и искрена врска, комуникацијата со некоја трета личност не треба да биде никаква тајна.

4. Дали ги делите интимните детали од вашиот живот со личноста од другата страна на екранот?
Една работа е да зборувате за вашата интимност со пријателите, а сосема различна е кога зборувате со некој кој ви е привлечен и не го познавате доволно. Сте се впуштиле во опасна зона.

5. Дали го лажете партнерот или партнерката?
Доколку одговорите потврдно, запрашајте се што правите. Ставете се на местото на партнерот и пробајте да почувствувате како би ви било доколку сте на негово место.

Автор: Ивана Витановска




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *