Top

Една приказна заврши

Како ладен ветер што удира во моите гради, а од нив врел здив растопува солза една по моето лице. Како силен тапан бие моето срце, како да ми е растргнато, распарчено… а, единствениот човек кој може да го склопи, јас веќе го склопив во коцките на моето минато. Не, не се навраќам назад. Поубаво да продолжам безволно да чекорам по патот отколку депресијата да ме обземе. Не се давам, никој нема да ме поседува. Тоа сум јас, а овие мигови од мојот живот се моја судбина. Уништена од зборови, навредена од човек на кој му верував, човек кој ми бил најблизок во се. Сега веќе ништо нема да е исто, сега никој нема да допре до мојата душа, до моето срце. НИКОЈ нема да ми биде близок, сите следни се странци… и ќе останат странци. И не ме прашувај како сум, ќе добиеш одговор кој ќе те згрози, ќе слушнеш нешто што нема да ти се верува дека јас го зборувам. Ќе слушнеш одговор директно од мојата гневна душа. Ќе ги слушнеш најлошите зборови за себе, ќе се замразиш сам. Ќе те болат моите зборови од огорченава душа. Ти ме огорчи. Прво ме направи најсреќната на целиот свет, кога бев полна со љубов, кога имав моќ сите да ги заразам со таа енергија. Кога бев во центарот на љубовта твоја, бев посилна од се на овој свет, се што посакав, имав. Се за миг се промени. Сега место со љубов, душава ми е полна со омраза, очиве со солзи. Секоја ноќ, ја топам перницата во солзи и црна шминка. Секое утро, кога ги отворам очите, пред мене стои грозомурната слика на тој настан и еден црн датум. Слика со која ми покажа дека навистина си променет… Одвратност… Грозно… Ужасно ми доаѓа да вриштам, да ја испразнам душава од омраза… да направам простор да влезе малку љубов во неа…
Една приказна заврши.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Една приказна заврши” : Софи Затараковска

Станете наш facebook фан.




4 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>