Тој лежи на мојата перница
и јас можам да го допрам,
да го вдишам неговиот мирис.
и јас можам да го допрам,
да го вдишам неговиот мирис.
Свесноста за неговата блискост до мене
и мирисот на неговата кожа
ме прават да се чувствувам жива.
Неговото дишење го менува целиот мој свет,
го менува ритамот на моето срце.
Зборот “среќа” е само мал, незначаен збор
кога јас гледам во него и
чувствувам тоа што чувствува тој.
Сега, ти си тука покрај мене
и јас можам да те гледам додека сонуваш
и можам да ги вкусам твоите усни,
можам да те сакам засекогаш.
Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Додека сонуваш ” : Тамара Танасиеска
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!