Top
vistinskiot

Дали сте со вистинскиот маж?

Сигурно повеќе пати ви се случило да се запрашате дали сте го избрале вистинскиот маж покрај себе. Основен предуслов за добивање одговор на ова прашање е запознавање на личноста со која планирате иднина. Но постојат и предуслови за кои морате за размислите пред да одлучите некому да го подарите своето срце.

Авторката Holly Peterson во својата книга “The idea of him” открива неколку грешки кои жените ги прават кога се заљубени.

  • Емоции
    Заљубеноста е прекрасно чувство кое освен пеперутки во стомакот, има уште една нус-појава. Станува збор за т.н. „кратковидност“ која не ни доволува реално да ја согледаме состојбата во која се наоѓаме. Прашањето кое треба да си го постави секоја жена е дали е вљубена во него или во претставата која ја има за него?

  • Желби
    Една личност може да нè привлече на повеќе начини. Понекогаш е доволен само физичкиот изглед, а понекогаш и начинот на живот, интелигенцијата и слично. Понекогаш личноста во која сме заљубени, во одреден момент ги исполнува сите наши желби, односно емоционалната празнина која во моментот ја чувствуваме. Токму поради тоа, запрашајте се дали таа личност навистина успева да ја пополни празнината во вашето срце или пак само така ја доживувате?

  • Потреби
    Секој нас има одредени потреби, без разлика дали станува збор за физички или емоционални. Токму затоа, навистина е важно да најдете партнер кој ќе ги задоволи вашите потреби. За да функционирате како пар, треба да имате заеднички животни цели или ист поглед кон животот. Ако сакате да откриете дали сте го пронашле вистинскиот, запрашајте се дали нешто што ве исполнува би го правеле со него или пак со некоја своја пријателка?




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>