Top
Prvo_seksualno_iskustvo_iLike_mk

Дали првото сексуално искуство ќе ве следи цел живот?

Се сеќавате ли на вашиот прв сексуален чин? Најновото истражување покажува дека чувствата кои ќе се родат при губење на невиноста, ќе ве следат цел живот.

Психолози од универзитет во Америка го спровеле тоа истражување со цел да проучат како губењето на невиноста влијае врз подоцнежниот сексуален живот. Според тоа, од првото сексуално искуство ќе имате лоши или добри последици во зависност од тоа дали сексот бил непријатен или ве направил среќни.

Психолозите испитале 331 млади мажи и жени за тоа какво било нивното прво сексуално искуство, вклучувајќи ја емоционалната вознемиреност, посветеност кон партнерот или евентуално каење после сексуалниот чин. Потоа испитаниците одговарале за нивната сегашна состојба во сексуалниот живот, за тоа дали чувствуваат дека имаат контрола и колку се задоволни.

Оние кои за првиот пат одговориле дека биле исполнети и задоволни, објасниле дека се среќни од нивниот подоцнежен сексуален живот, додека пак оние кои губењето на невиноста го поврзувале со негативни чувства, подоцна имале ниска сексуална активност и зборувале со незадоволство. Иако, истражувањето не упатува на тоа дека подобро прво сексуално искуство генерално го подобрува сексуалниот живот, сепак заклучува дека губењето на невиноста може да направи еден вид на шема во подоцнежната сексуална активност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>