Top
vtora sansa

Дали би му дале втора шанса на бившиот?

Без разлика каква и да била разделбата со партнерот или едноставно љубовта згаснала, извесни истражувања од оваа област советуваат дека дури и најтрагичните прекини на љубовните врски може да имаат среќен крај, но само доколку делувате разумно и паметно.

Еден ден сфаќате дека сепак вашиот живот без бившиот партнер во него нема смисла. Иако сте свесни за сите негови доблести, но и маани, се повеќе сте сигурни дека вашата намера за негово враќање е дефинитивна. Идејата за враќање на бившите е се поприсутна и според најновите светски истражувања не само што е можна сериозна иднина по враќањето на бившиот, туку истото е и изненадувачки остварливо.

Пред да започнете со реализација на идејата за враќање на бившиот, неопходно е да извршите неколку проверки на сопствената личност, со цел минатото да не се повтори и да дојде до крај.

Бидете брутално искрени со самите себе
Сосема нормално е да ви недостигаат сите позитивните нешта поврзани со вашиот бивш партнер, но пред да превземете било каков чекор за негово враќање мора да бидете 100% сигурни зошто го правите тоа. Дали навистина ви недостига бившиот, или пак само идејата да имате машко друштво во петок навечер, друштво за викенд на планина и слично? Дали тој е личност покрај која вие би можеле да се смирите или пак свесно се враќате на старите добро познати околности? Доколку станува збор за избор помеѓу обична здодевност од сингл животот и животот во лоша врска, дефинитивно ваш избор треба да биде досадата во сингл животот, која без дилеми со текот на времето ќе стане ваша најголема забава.

Бидете сигурни дека ќе можете да бидете најпрво пријатели
Пријателството е основа на секоја врска. По раскинувањето сте збунети, гневни и незадоволни, така што пред да му се вратите на бившиот мора да сте сигурни дека сте ги надминале негативните емоции од минатото, но не под влијание на хормоните, туку свесно и разумно. Пред да се впуштите во обнова на врската со бившиот добро би било да реализирате неколку платонско пријателски средби. Само на таков начин двајцата ќе имате прилика да проверите дали сте ги надминале пост раскинувачките симптоми и да одлучите дали работите се сеуште премногу „свежи” или сте спремни за заедничко продолжување.

Отворете ги картите
Сте раскинале поради определени причини, па отворен и искрен разговор за секоја од нив е повеќе од неопходно помеѓу вас. На пример, доколку вашите секојдневни кавги и расправии довеле до прекин, направете обид да ги идентификувате предизвикувачите, како и начините за нивно надминување. Бидете јасни преку кои работи би поминали, а кои се работите кои ви се „трн во око” и за чиешто надминување потребни се отстапувања од двете страни. Преку отворен разговор постигнете некој разумни заклучоци за тоа како го замислувате продолжувањето на вашата врска и придржувајте се до ветеното, бидејќи ако започнете со повторувае на старите грешки, повторниот прекин и не ви е толку далеку.

Бавно одвивање на настаните
Иако посакувате веднаш да се вратите во фазата „те сакам-ме сакаш” од вашата врска или пак во фазата на викенд преноќувањата кај вашиот партнер, нереално е да очекувате дека ќе продолжете од точкта по којашто сте прекинале. Впрочем, значајно е да запомнете дека и двајцата во извесна смисла сте се промениле за време на прекинот. Затоа не претпоставувајте деа знаете се за вашиот партнер, туку напротив направете напор одново да ги запознаете сите неговите желби и навики. Само на таков начин ќе можете да продолжите во права насока и врз здрава подлога.

Не ја исклучувајте можноста за неуспех
Во давањето втора шанса целосно се вложувате и верувате, но бидете свесни дека работите по втор пат можеби и нема да бидат толку сјајни како некогаш. Се разбира вие сакате повторно да успеете но доста е важно да бидете и психички подготвени за можниот неуспех, односно за потребата од брз прекин на работите доколку повторната врска со бившиот не е она што го очекувате.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>