Top
sovrsen_seks

Чекори за совршен секс

Секс терапевтката Меган Флеминг дава неколку совети кои секогаш ќе ви гарантираат совршен секс. На вас останува само да ги испробате!

Предигра во текот на целиот ден
Секси пораки или заедничко туширање се само некои од нештата кои можат да ви ветат добра игра помеѓу чаршафите. Но, важно е да ги практикувате преку целиот ден.

Испланирајте време за секс
Денес некои парови се толку зафатени, што ако не планираат, нема ниту да имаат секс.

Разбијте ја рутината
И мала промена може многу да влијае на вашиот однос. Ако сте од оние парови кои сексот го практикуваат ноќе, тогаш почнете да водите љубов наутро, а ако тоа го практикувате во спалната соба, заменете го со бањата или кујната.

Зборувајте за вашиот идеален секс
Разговорот на оваа тема е особено важен. Кажете му на вашиот партнер како го замислувате вашиот идеален сексуален однос. Најверојатно потоа ќе бидете поотворени за да испробате барем дел од тоа, а исто така ќе го поттикнете и вашиот партнер да ви ги раскаже своите фантазии.

Одржувајте ја желбата за секс
Најверојатно ќе кажете дека сте уморни и дека од обврските немате време да размислувате за себе, но не дозволувајте сето тоа да ве чини толку скапо. Запаметете дека водењето љубов е еден од најдобрите начини за да ја исфрлите негативната енергија од себе!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>