Top
Znachenje_na_burmite_iLike_mk

Бурмите се симбол на љубовта

Дали знаете што значат бурмите и која е нивната симболика? Сите ги носиме како симбол на љубов и верност или ги носиме затоа што така налагаат обичаите, па ги вадиме после одреден период во животот.

Дали можеби за нив се одлучуваме само поради традицијата?

Некогаш само жените носеле прстен и тоа само веренички кој во исто време бил и венчален. Се сметало дека жената е достојна за да носи така вреден накит.

Но, времето ги менува нештата.

Денес бурмите и вереничките прстени најчесто се два различни прстени, а дизајнот е во зависнот од стилот и вкусот на младенците. Исто така, вереничките прстени може да добијат третман на бурми, така што после венчавањето само можете да го изгравирате датумот или некоја лична порака (на пример имињата). Како што се менува времето така се менуваат и желбите, традициите, се менува и бојата, па освен златна сè почесто се бираат бурми од бело злато или со бакарен сјај.

Бурмите со дијамант стануваат сè повеќе популарни – секако за оние кои можат да си ги дозволат. Изборот е голем, а одлуката останува на вас!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *