Top

Боите откриваат какви сте во кревет

Неодамна група психолози направиле истражувања со кои ја утврдиле врската меѓу боите и облиците на сексуалното однесување. Иако можеби тврдите дека немате омилена боја, погледнете околу себе и ќе сфатите дека постои една боја која доминира, а токму таа е индикатор за сексуалната страна на вашата личност.

ЦРВЕНА
Црвената симболизира страст, па затоа личностите кои ја сакаат оваа боја знаат да уживаат во сексот. Имаат поагресивен настап кон спротивниот пол. Доколку во кревет се најдат две личности кои преферираат црвена боја, незаборавното сексуално доживување е загарантирано.

ЖОЛТА
Доколку сакате жолта боја, тоа значи дека го контролирате својот сексуален нагон и во кревет му ја препуштате доминантната улога на партнерот. Најважно ви е саканата личност да биде задоволна.

СИНА
Љубителите на сината боја сексот го гледаат како уметност и нивниот пристап е елегантен. Љубовниците на кои сината боја им е омилена се страствени и секогаш се трудат да го задоволат партнерот. Тие едноставно уживаат во секој момент од сексуалниот чин. Жената ужива во предиграта, дарежлива е и нежна.

ЗЕЛЕНА
Оние на кои зелената им е омилена боја се нежни и чувствителни. Жената која ја сака оваа боја ќе води љубов цел живот како да ѝ е прв пат, а мажот ќе биде сочувствителен и подготвен да ги исполни желбите на својата партнерка. И двајцата се верни на една личност и не можат да замислат сексуална авантура со некој друг.

РОЗОВА
Розовата е боја која ја сакаат личности кои што сакаат да флертуваат и се склони кон изневерување. Жените кои што сакаат розова боја понекогаш ветуваат повеќе отколку што планираат да дадат. Мажите кои што сакаат розова боја се склони кон често менување на партнерка и со задоволство би влегле во авантура со непозната жена.

ПОРТОКАЛОВА
Љубовниците чија омилена боја е портокаловата уживаат во секс фантазиите. Во кревет ќе шепотат и ќе ја поттикнуваат фантазијата на партнерот. Предиграта и нежните допири по сексот им се важни колку и самиот сексуален чин. Во случај да не се задоволни од односот со партнерот, тоа тешко ќе си го признаат себеси. Не им е проблем да одглумат оргазам.

СИВА
Тие се неодлучни и несигурни љубовници. Често им е потребно многу време да донесат одлука и тешко им е да се посветат. Сексот не им претставува возбудување, туку само начин да ги задоволат потребите. Лошо се согласуваат со љубителите на другите бои.

ВИОЛЕТОВА
Ако сте љубител на виолетовата боја, сексот можеби ви се чини како губење на време. Жените кои ја сакаат оваа боја повеќе се грижат за тоа дали ќе им се расипе фризурата, отколку дали ќе го задоволат партнерот. Мажите, кон водењето љубов имаат пристап како да извршуваат работна обврска и немаат чувство за туѓите желби.

ЦРНА
Тоа се главно личности на кои ништо не им е непознато. Имаат богато сексуално искуство и без оглед на расположението секогаш се подготвени за овој вид забава. Инаку интересен факт е тоа што помеѓу оние кои сториле сексуални кривични дела најмногубројни се оние чија омилена боја е црната. Црната боја се поврзува со сексуална изопаченост, садизам и мазохизам.

БЕЛА
Со оглед на тоа дека чистотата и мирот се главни обележја на белата боја можете да претпоставите какво сексуално искуство ќе доживеете ако во кревет се упатите со личност на која ова и е омилената боја. Меѓутоа, ако ви е само до нежни бакнежи, психолозите тврдат дека ваквиот партнер нема да ви недостига.

КАФЕНА
Тие се нежни, топли и искрени. Тие целосно се опуштаат во интимно опкружување, бараат многу внимание од партнерот и очекуваат многу фантазија и нежност кога е сексот во прашање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>