Top

Остави белег во моето срце

Конечно, успеав. Конечно сум пак среќна, без тебе. Не ме болат спомените кога бевме заедно, иако сеуште се тука, длабоко во моето срце. Не ме боли повеќе тоа што друга е покрај тебе, што друга го зазема моето место. Не те ни мразам, напротив, бидејќи и мразењето е некое чувство, а чувства кон тебе немам. Но, тоа не значи дека сум те заборавила, секогаш ќе ги паметам моментите кога бевме заедно, сепак ,ти бешe мојата прва љубов. Прва љубов, што еднаш се раѓа и цел живот боцка, најслатката и најгорчливата, најсрeќната и најболната. Никогаш нема да го заборавам денот, моментот кога ти ja подадов раката и го кажав моето име. Од тој момент знаев дека понатаму нема да биде сè исто. Бев вљубена, за прв пат. Прв пат летав во облаци, доле не ни помислував да погледнам. Прв пат бев толку среќна, а не бев свесна дека таа среќa некогаш ќe престане. Мислев дека ова ќе трае вечно, а траеше само 3 месеци.Три месеци, како да траеа 3 дена, исполнети со љубов и среќа, задоволство, како никогаш да не сум слушнала за зборот “солза”. Но згрешив, многу згрешив што толку летав горе, згрешив што воопшто тебе ти верував.
Нашата љубов и летото заедно започнаа, така и завршија. Да, таа среќа и тaa љубов штo требаa да траат вечнo, завршија. Ги немашe веќе оние очи среќни, насмеани, бакнежи и прегратки. Не, друга дојде на мое место, друга ти сe радува, те љуби. Мислев дека тоа не e можно, дека e сон, кошмар од кој посакував да се разбудам.Тогаш, ја осетив првата врела солза на моето лице, првата солза за момчe… За момчe кое не заслужува ни да го погледнам, ниту пак таa солза да ја пуштам за него. Момче, со кое го поминав цело лето, најубавите моменти, најслатките прегратки и бакнежи, сега друга го гледа, друга го бакнува.

Сè одеднаш заврши, како некој ненајдено да ме турна од највисокиот облак, паднав и многу се повредив. А, тоа беше ти. Ти ме качи на највисокиот облак, само за да ме турнеш и да ме повредиш таму каде што најмногу боли, и успеа. Ме повреди толку колку што никој досега. Мислев дека таa рана никогаш нема да зарасне, дека секогаш ќe останам повредена, но не бешe така. Раната зарасна, сега сум пак она старото девојчe, без тебе, a среќно. Сè остана позади мене, сè e сега само минато, одам напред со надеж дека еден ден пак ќe бидам на тој облак, но тогаш друг ќe ме однесе таму. Друг, што ќe ja нема намерата да ме турне и да ме повреди. A, за сeга сум среќна таму каде што сум, покрај тие што ги сакам и што ми помогна да ја излечам раната што ми ја нанесе ти, што постојано ми велеа дека можам и без тебе, a јас не им верував, нo беa во право.

Среќна сум и без тебе, иако во моетo срце остана белег од таа рана што долго ќe ме потсетува на тие моменти и на тоа незаборавно лето.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Остави белег во моето срце” : Сашка Г.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>