Top

Бавен секс за подолго уживање

Дали некогаш сте помислиле дека клучот за феноменален секс и подобра емотивна поврзаност со Вашиот партнер можеби се крие во времетраењето на самиот чин? Бавниот секс како да е спротивност на денешното темпо на живот, кога сè правиме набрзина. Но, ако сето тоа се одвива бавно, значи дека имате повеќе време за уживање.



Во просек, на жените им требаат 10-20 минути да доживеат оргазам. Но, ова може да се покаже како проблем во долга врска, бидејќи страста не се разгорува толку брзо како нa почетокот на врската, па многумина ќе останат незадоволни во кревет. Ако целиот сексуален чин се одвива побавно се намалува притисокот врз сексуалниот партнер и ќе се зголеми задоволството. Следните неколку правила ќе ви помогне да се запознаете со реакцијата на вашето тело на сензуалните стимуланси и да ја зголемите својата емотивна врска со партнерот.

ГЛЕДАЈТЕ СЕ ВО ОЧИ
Започнете со гледање во очи. Сместете се удобно и обидете се некое време да се гледате во очи и да се насмевнете еден на друг.

ДИШЕТЕ ЗАЕДНО
Дишете природно, преку нос. Ставете ја раката на градите на Вашиот партнер и обидете се заеднички да го координирате вдишувањето и издишувањето.

ГУШКАЈТЕ СЕ
Поминете најмалку половина час во милување, гушкање и бакнување, но сето тоа нека се одвива додека сте облечени. Не поминувајте пребрзо кон следната фаза, бидејќи овој дел навистина може да ја разгори страста.

МАСИРАЈТЕ СЕ
А кој не би посакал масажа на грбот со миризливо масло. Користете бавни и долги движења со умерен притисок кој не оди под половината.

ОРГАЗМИЧНА МЕДИТАЦИЈА
Можеби е последно, но не и најмалку важно. Затворете ги очите и предадете се на допири и чувства, а сè друго нека стане ирелевантно.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>