Top
Алатки за вжештување на интимниот живот

Алатки за вжештување на интимниот живот

Понекогаш имате потреба од една идеја, за да го вратите сексуалниот живот назад на патеката. Еве неколку едноставни нешта, со помош на кои ќе додадете страст кон љубовните односи. Обидете се со една од идеите или проверете ги сите. Дури експериментот со само една од нив може да доведе до поинтересна интимна врска. Забавувајте се и уживајте!

Купете си нова секси долна облека
Овој едноставен метод е многу моќно средство за задржување на мотивација за секс, дури и при странични надразнувања, од кои сексуалниот нагон може да се излади.

Изразете ги гласно своите намери
Кажете ѝ што планирате да направите за неа, кога ќе стигнете до креветот, кога и двајцата ќе се приберете од работа или кога децата ќе си легнат. На овој начин ќе го разбудите сексуалниот нагон.

Приредете стриптиз
Исто така ништо ново под сонцето. На прв поглед излитен метод, но всушност многу добар и со докажан ефект. Тоа е забавен начин да се расположите и да ја започнете љубовната игра на неконвенционален начин. Ако не сте сигурни што да правите, можете од почеток да повторувате. Користете ја вашата имагинација и направете претстава што долго ќе се помни.

Исклучете го телевизорот и пуштете музика
Намалете ги тензиите од изминатиот ден со соодветна музика. Кој знае што може да се случи. Ако ја знаете нејзината омилена песна или стил, изненадете ја со внимание.

Забавете го допирот
Пројавете самодисциплина и не „пукајте право во целта“. Одвојте повеќе време за допири и галење и ќе ви се врати на заслужен начин. Тоа постепено доведување до целта ќе ја полуди и задоволството ќе биде поголемо кога конечно ќе се стигне до „таму“.

Поиграјте си со храната
Направете специјална вечера со храна, со која можете да се храните еден со друг. Чоколадото и шлаг-пената никогаш не се одвишни.

Искапете се заедно
Кој е подобар начин за жешка атмосферата од тоа да се искапете заедно? Започнете со сапунирање еден со друг и видете каде ќе ве однесе тоа.

Зборувајте предизвикувачки
Слаткиот шепот во увото на партнерот, посебно кога сте на јавно место – може да го потпали огнот за подоцна.

Сменете ја атмосферата
Можеби е време да излезете од удобноста на креветот. А зошто не и на станот? Покажете храброст и оставете желбата да ве води пред практичноста. Можностите се бескрајни.

Играјте улоги
Измислете си ситуации и улоги. На пример како се сретнувате за прв пат. Започнете ја вашата ноќ во барот и однесувајте се како да се запознавате за прв пат. Замислете дека сте непознати, кои случајно се наоѓаат сами на пуста улица. Можете да црпите сценарија од филмови, книги, додадете „храна“ на вашата имагинација. Играјте и уживајте.

Играјте со играчки
Воведувањето на играчка е возбудливо искуство, особено ако одите да ја купите двајцата или нарачате преку интернет нешто што ви се допаѓа. Самиот избор на играчката може да биде толку забавен и возбудлив што ќе предизвика силен оган за подоцна.

Обидете се со масло за масирање
Маслото за масирање е добар помошник во загревањето на атмосферата, особено оние кои буквално се загреваат при физички контакт.

Бакнувајте долго и страстно
Најобичното нешто понекогаш е сè што ви треба.

Автор: Д-р Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *