Top

9 знаци кои го откриваат дека сте му секси

Одговорот на клучното прашање „Дали му се допаѓате?“ можете лесно да го откриете преку говорот на неговото тело и манирите. Можеби и не сте знаеле дека мажите се „програмирани“ со ситни, но значајни знаци да ви предочат дека се заинтересирани за вас.

Научно е докажано дека жените во „својот ракав“ имаат дури 52 различни знаци со кои на мажите би можеле да им дадат до знаење дека им се допаѓаат, додека пак, мажите се далеку посиромашни по однос на ова прашање. Тие имаат само девет. Еве ја листата:

1. ПОДИГНАТИ ОБРАЗИ
Кога ќе видите некоја девојка за која сте заинтересирани, образите сосема несвесно се подигаат и спуштаат. Овој мал и навидум неприметен потег открива многу. Всушност, доколку му се допаѓате неговите образи ќе го издадат – тие ќе бидат стегнати и подигнати на неколку секунди. При подигање на образите, очите делуваат покрупни, а рефлексијата од светлината ги прави очите посјајни и попривлечни.

2. ОТВОРЕНА УСТА
Доколку навистина му се допаѓа тоа што има можност да го види пред себе, неговата уста автоматски ќе се отвори во моментот кога погледите ќе ви се сретнат. Запомнете го ова и ќе забележите дека е така.

3. РАШИРЕНИ НОЗДРИ
Ова е реакција на телото со која тој директно ви вели: „Ми се допаѓаш!“.

4. ПРИВЛЕКУВАЊЕ ВНИМАНИЕ
Тој на секој можен начин ќе се обиде да го привлече вашето внимание. Доколку станува збор за маж кој е карактерно повлечен тој ќе се обиде со некој понезабележлив потег да го привлече вашето внимание, на пример ќе ја подместува краватата или јаките од својата кошула или пак ќе ги засукува ракавите. А, пак поопуштените момци подготвени се да направат кловн од себе за да ги забележите.

5. ТЕЛО ИСПРАВЕНО „КО ПУШКА“
Со цел да се покаже во најдобро можно светло пред вас тој ќе оди исправено, истакнувајќи ги своите телесни атрибути и мускули.

6. “ШАРАЊЕ” СО ОЧИТЕ
Ќе ве мерка и анализира од глава до пети неколку пати, а притоа погледот ќе го задржува на клучните места по неколку секунди. На тој начин сака да ви укаже дека тоа што го гледа навистина многу му се допаѓа.

7. РАЦЕ НА КОЛКОВИ
Со оваа поза и став на телото мажот делува самоуверено, а држењето на рацете на колковите дополнително ја потенцира неговата физичка величина. Со сосема несвесни движења, луѓето ги нагласуваат деловите од своето тело кои ги сметаат за најпривлечни. За ова е „виновна“ потсвеста.

8. НЕГОВАТА РАКА НА ВАШИОТ ЛАКТ, ГРБ ИЛИ ПОЛОВИНА
Ова не е потег кој има третман на убав манир или пристоен начин нешто да ви објасни, туку во него е сокриена пораката „Ми се допаѓаш, не би сакал да те испуштам од рака.“.

9. ПОЗАЈМУВАЊЕ НА КАПУТОТ
Позајмување на капутот или неговата јакна е многу секси, но и заштитнички гест. Со ова директно ви порачува „Она што е мое е и твое“, а и му се допаѓа вашиот мирис кој останува на неговата облека.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>