Top
8-bizarni-fakti-za-neverstvoto-iLike-mk

8 бизарни факти за неверството

За неверството во брак и врските напишани се многу текстови и направени се многу истражувања, но вистинските причини кои стојат зад оваа потреба се нејасни. И додека резултатите на некои истражувања помагаат подобро да го разбереме умот и мотивите на луѓето кои изневеруваат, некои од нив се едноставно чудни.

Во продолжение неколку такви:

Неверството е генетска предиспозиција
Ако сте склони на мамење, можеби за тоа можете да ги обвинувате вашите гени. Истражувачите од универзитетот во Бигамтон откриле дека 50% лица со ДРД4 ген, кој предизвикува допаминска возбуда која се случува и при забранети дејствија, се склони кон промискуитет и неверство.

Жените сметаат дека мажите со подлабок глас повеќе изневеруваат
Лоши вести за мажи кои звучат како Бери Вајт. Студијата објавена во журналот P„ersonality and Individual Differences“ покажува дека мажите со подлабок глас жените ги перципираат како склони на неверство.

Тие кои изневеруваат, своите брачни партнери ги сметаат за попривлечни од љубовниците
Кога зборуваме за неверство, треба да се потенцира дека тука воопшто не се работи за изгледот. Неколку истражувања покажале дека луѓето кои изневеруваат, своите партнери ги сметаат за физички попривлечни од тие со кои ги изневеруваат.

Многу млади луѓе флертот преку интернет го сметаат за неверство
Веб-сајтот Fusion испитал група од 1.000 луѓе на возраст од 18 до 34 години, а 82% од нив флертувањето преку социјалните мрежи го сметаат за неверство.

Ако нивните мајки изневерувале и жените најверојатно ќе изневеруваат
Истражувањето од британскиот сајт Illicit Encounters испитало 2.000 лица и покажало дека 73% мајки на жени кои признале дека имале некаква афера исто така ги изневерувале партнерите.

Среда е најпопуларен ден за тие кои изневеруваат
Судејќи според сајтот Ashley Madison, среда од 5 до 7 попладне е најпопуларно време кога луѓето изневеруваат.

Мажите кои изневеруваат се склони кон срцев удар
Студијата од Универзитетот Флоренс покажа дека ненадејна смрт од срцев удар во тек на сексуален однос е почеста кај мажи кои имаат љубовници.

Вонбрачните афери го зголемуваат ризикот од кршење на пенисот
Да, ова е една од чудните студии. Др. Ендрју Крамер, уролог од Медицинскиот центар при Универзитетот во Мериленд проучувал 16 случаи на кршење на пенис во периодот од 2007 до 2011 година. Половина од тие мажи признале дека незгодата им се случила за време на вонбрачна афера.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *