Top
Ljubov_mazh_zhena_iLike_mk

3 сигурни начини за освојување на машкото срце

Многу од жените сакаат да ја освојат љубовта на еден човек во некој период од животот. Било да сте во пријателска фаза или излегувате заедно извесен период, понекогаш сè што е потребно се само неколку едноставни промени за да вашиот однос биде на повисоко ниво.

БИДЕТЕ ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ
Ако го сакате, веројатно ќе мислите на иднина помината со него. Најдобрите врски почнале со пријателство и на долги патеки се покажало дека трајните врски на пријателство ќе го издржат тестот на времето многу подобро одошто вашата врска да се темели само на сексуална привлечност. Гледајте смешни филмови, зборувајте за вашите семејства, неговите проблеми, а во исто време, не заборавајте да флертувате со него за да го потсетите дека Вашето интересирање е многу повеќе од платонско.

ПОКАЖЕТЕ ЈА СВОЈАТА ЛИЧНОСТ
Со други зборови, не плашете се да се покажете во право светло, такви какви што навистина сте. Кога жените се заљубени, тие се трудат да покажат интерес во сите сфери на љубовта и човекот кој го сакаат, до тој степен што ги напуштаат своите лични интереси и пријателства, поточно најчесто тие влегуваат во сенката на нивната врска. Внимавајте да не ја поминете границата, останате свои!

ПОКАЖЕТЕ МУ КОЛКУ ВИ ЗНАЧИ
Ако толку многу го сакате и сметате дека е посебен, тоа можете да му го покажете на различни начини. Ако сте во врска, едноставен допир, како што е држење за рака, допирање на рамената или давајќи му поддршка кога оди на подолг пат… се само неколку начини со кои можете да му ја покажете својата љубов. Бидете прва која ќе го сослуша и ќе му дава совети кога ќе се соочува со некој проблем. Тоа ќе го засили неговото лично чувство и ќе му покаже дека за Вас е посебен и особено важен.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>