Top
te-sakam

2 збора се посилни од „Те сакам“

Постојат волшебни изјави кои може да ја направат врската многу подлабока и потрајна, но речиси никој не ги користи.

Дали се сеќавате колку пати на саканата личност сте ѝ рекле „Те сакам“? Тие зборови секако се многу важни во секоја врска. Но, може да изговорите други зборови кои на вашиот партнер ќе му овозможат да се чувствува навистина посебно.

„Те ценам“ се два волшебни збора кои би требало да ги изговараме што почесто и со нив да си ја зајакнеме врската и да му покажеме на нашиот партнер колку ни значи. Кога станува збор за љубовта, многу е важно да најдете зборови со кои на парнтерот ќе му покажете колку сте среќни и благословени што токму тој/таа е со вас!

Студиите покажуваат дека ако на некој му покажете колку ви значи и ако сте благодарни поради неговото присуство, тогаш тоа е карактеристика поради која луѓето сакаат да поминуваат повеќе време со вас. Погледнете го вашиот партнер во очи и кажете му дека го цените што е љубезен, амбициозен, што ве сака и што има смисла за хумор. Кажете му дека го сакате, но тоа правете го од срце!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *