Веќе знаете дека зелениот чај има позитивно влијание врз здравјето и телото, како на пример намалувањето на апетитот и побрзото согорување на маснотии во телото. Освен тоа, влијае на подигање на температурата на телото и со тоа го забрзува метаболизмот. Зелениот чај дава подолго чувство на ситост, што го прави делотворен во борбата против вишокот килограми. Може да се збогати со многу додатоци, но најдобро решение за слабеење е да се комбинира со портокал. Eдна шолја зелен чај дневно го забрзува метаболизмот за 12%, го регулира шеќерот во крвта и го зајакнува имунитетот.
Потребни состојки за зелени чај со портокал:
1l вода
5 ќесички зелен чај
1 портокал
Свежо нане
Начин на подготовка:
Во 1 литар врела вода ставете ги ќесичките чај и оставете ги само 3 минути. Портокалот исечете го на кругови, додадете ги листовите нане и чајот оставете го во фрижидер да отстои една ноќ. Оваа количина е доволна за 2 лица во текот на наредниот ден.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!