Ѓумбирот е со специфична арома и со широка примена во кулинарството, но и во народната медицина. Поради многуте лековити својства, ѓумбирот може да се додаде во напитоци, десерти, во варени јадења, но од него може да се направи убава комбинација и со путер. Путерот со ѓумбир може да го користите како намаз на интегрален леб.
Состојки:
1/2 филџан несолен путер
1 лажица изрендан свеж ѓумбир
1 лажица ситно исецкан млад лук
1 лажичка соја сос
Подготовка:
Стопете го путерот на средна температура во помало тенџерче. Измешајте го ѓумбирот во растопениот путер и варете околу минута. Тргнете го од оган и додадете го лукот и соја сосот. Пикантниот путер со ѓумбир е готов и можете да го намачкате на мали лепчиња.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!