Ако сте љубители на мезе, тогаш сигурно сте во потрага по нови рецепти. Денес ви презентираме супер рецепт кој брзо се подготвува.
Потребни состојки:
400g варени компири
70g рендан пармезан
80g салама или пршута
Парчиња кашкавал (колку што ќе направите бомбици)
Магдонос
Сол
Бибер
1 јајце
Презла
Начин на подготовка: Најпрво направете пире од сварените компири и во него измешајте ги сите состојки освен кашкавалот. Потоа правите бомбица и во секоја ставате парченце кашкавал. Потопете ги бомбиците во изматено јајце, па во презла и ставете да се печат на хартија на 190˚С, 25 минути.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!