За време на топлите денови, секој од нас преферира полесна храна. Доколку сте љубител на салати, мора да ги пробате овие едноставни рецепти.
Салата со домати, фета/моцарела и магдонос
Исечете неколку домати и сирењето на кругови. Направете прелив за салатата од маслиново масло, сушено нане, малку црн бибер и копар. Наредете ги доматите и сирењето во чинија, додајте го магдоносот, па потоа ставете го преливот.
Брокула салата со кубети и кисели краставички
Најпрво обарете ја брокулата и оставете ја да се излади. Потоа исецкајте ја на ситни парчиња и ставете ја во голем сад заедно со кубетите и ситно сецканите кисели краставички. Направете прелив за салатата така што во еден мал длабок сак ќе измешате вегета, маслиново масло, босилок и мелен ким. Ставете го преливот и уживајте во оваа вкусна салата.
Салата со пченка, павлака и варен компир
Во сад ставете ја пченката и ренданите компири кои претходно сте ги свариле. Додадете ја павлаката и добро измешајте. Ставете сол, црн бибер, маслиново масло, оригано и малку мелено оревче.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!