Top
kolac so praski

Вкусен летен колач со праски

А кој би можел да одолее на мирисот на праски? Ние денес ви препорачуваме да направите вкусен колач со праски, кој се подготвува многу лесно.

Потребни состојки:
– 4 јајца
– 260g шеќер
– прстофат сол
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 300ml павлака
– 300g брашнo
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1kg праски

Подготовка:
Jајцата ставете ги во сад за матење, додадете шеќер, ванилин шеќер и сол. Матете со миксер додека не добиете пенлива смеса. Потоа намалете ја брзината на миксерот и додадете брашно, прашок за печиво и павлака. Матете сè додека не се соеднини целата смеса. Истата ставете ја на подмачкан плех, претходно измиените праски исечете ги на парчиња и наредете ги преку целата површина на смесата. Колачот се пече 50-60 минути во загреана рерна на 175C. По вкус, пред сервирање наросете шеќер во прав врз колачот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>