Top
Vkusen-kolac-iLike-mk

Вкусен десерт за чие подготвување ви се потребни само 6 минути

Путерот од кикирики е навистина вкусен. Можете да го користите за премачкување на палачинки во комбинација со мед или џем, да го консумирате додека пиете кафе, а исто така, може да го употребите како состојка за подготовка на овој вкусен колач.

Vkusen-kolac-iLike-mk-2

Потребни состојки:
– 230 грама растопен путер
– 260 грама мелени бисквити
– 380 грама рафиниран шеќер
– 220 грама путер од кикирики
– 150 грама чоколадо за готвење

Начин на подготовка:
1. Во стаклен сад измешајте ги путерот, мелените бисквити, шеќерот и 180 грама путер од кикирики. Хомогената маса ставете ја во тавче.
2. Во микробранова стопете го чоколадото и соединете го со остатокот од путерот од кикирики, па прелијте ја претходно подготвената смеса.
3. Колачот ставете го во ладилник, па сечете го после 1 час.

Вашите рецепти пишете нѝ ги тука, а ние со задоволство ќе ги споделиме со нашите посетители.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>