Top

Подгответе си вкусни колачиња за 60 секунди

Рецептот и брзата подготовка на чоколадните колачиња ќе им се допаднат на оние кои се љубители на благото. За подготовка на овие вкусни колачиња ќе ви бидат потребни само 60 секунди.

Потребни состојки:
1/4 шолја брашно
1/4 шолја кафеав шеќер
2 лажици какао во прав
малку сол
2 лажици растително масло
2 лажици млеко, кафе или вода
2 лажици кршено темно чоколадо, лешници или бадеми

Начин на подготовка:
Најпрво во сад помешајте ги сувите состојки (брашно, шеќер, какао, сол). Во друг сад помешајте ги млекото и маслото и мешајќи со лажица или жица за матење додавајте ја сувата мешавина. Кога ќе добиете густа, кремаста смеса, додадете го чоколадото или бадемите, добро измешајте и смесата ставете ја во калапи. Печете 60 секунди на најсилна температура.

*Забелешка: Колачот е готов кога на допир е еластичен и леплив. Зависно од рерната, доколку после 60 секунди не изгледаат така, оставете ги уште 30-тина секунди. За поголемо уживање, прелијте ги со топено чоколадо или пак додадете топка сладолед.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>