Денес ви предлагаме да подготвите вкусна вегетаријанска пица со печурки и млад кромид. За подготовка на истата ќе ви бидат потребни околу 40 минути.
Потребни состојки за тестото:
- 250 мл. млеко
- свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 кг. бело брашно
- 2 јајца
- 400 мл. јогурт
- маслиново масло
- сол
Од состојките се замесува тесто и се остава да отстои 2 часа во ладилник.
Потребни состојки за филот:
- Доматно пире
- Печурки
- Млад кромид
- Пиперки
- Кашкавал
- Сусам (по желба)
Постапката на подготовка на пицата е прикажана на сликите во продолжение.

Потребни состојки за веге-пица со печурки и млад кромид

Чекор 1: Го размесувате тестото

Чекор 2: Тестото го премачкувате со доматно пире

Чекор 3: Исецканите печурки ги ставате врз тестото

Чекор 4: Го нанесувате изренданиот кашкавал

Чекор 5: Печете 20-тина минути на температура од 200 степени во претходно загреана рерна

Чекор 6: Завршувате со ситно сецкан млад кромид
Добар апетит!
Автор: Давор Панчевски
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!