Top
Смуди

Смуди – вистинско летно освежување

На сите ни треба освежителен пијалак штом живата на термометарот ќе се искачи над 30-тиот степен. Па затоа, денес ви претставуваме три различни рецепти за подготвување на смуди, и тоа: од јагоди, од боровинки и од шумско овошје.

СМУДИ ОД ЈАГОДИ
Потребни ви се 2-3 состојки и само 5 минути за подготовка на смуди од јагоди. Ставете многу јагоди, малку лимон и засладете по желба. А, на крај додадете коцки лед и парче јагода на работ од чашата.

СМУДИ ОД ШУМСКО ОВОШЈЕ
Втората варијанта е со шумско овошје. Подготовката е многу едноставна. Во блендер ставете мешавина шумско овошје, малку вода и засладете според вкус. Доколку додадете вотка ќе добиете совршен пијалак за топлите летни ноќи.

ЖЕСТОКО СМУДИ ОД БОРОВИНКИ
Смуди од боровинка и малку вотка. Како ви звучи? Потрудете се да најдете свежи боровинки кои добро ќе ги испасирате со помош на блендер, а при крајот додадете малку вода, кршен лед и една доза вотка. Вистински коктел за пеколните летни денови!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>