Top
palacinka

Рецепт за вкусни палачинки

Подготовката на смеса за палачинки е наједноставниот готварски потфат. За да бидат палачинките меки и вкусни, потребен е добар рецепт за нивната смеса. Во продолжение следува токму таков рецепт, после кој не би побарале друг.

Потребни состојки:
– 3 јајца
– 250g брашно
– 350ml млеко
– 100ml минерална вода
– малку сол
– 2 лажици масло
– ½ лажица рум

Подготовка:
Јајцата матете ги додека не добиете густа смеса. Потоа додадете го млекото и измешајте. Константно матејќи додавајте ги брашното, солта, маслото и румот. На крај додадете ја и минералната вода. Смесата оставете ја да отстои десетина минути, потоа промешајте и започнете со пржење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>