Top
palacinki

Рецепт за вкусни чоколадни палачинки

Постојат многу рецепти за палачинки, но ние денес ви презентираме сосема поинаков рецепт за вкусни чоколадни палачинки на кои нема да можете да им одолеете.

Потребни состојки за тесто:
– 230g брашно
– 75g какао
– 100g шеќер
– 400g млеко
– 50g стопен маргарин
– 2 јајца
ванилин шеќер

Потребни состојки за фил:
– 200ml хопла
– 2 лажици шеќер
– 200g јагоди или друго сецкано овошје
– кршено темно чоколадо

Потребни состојки за чоколаден прелив:
– 150ml хопла
– 100ml чоколадо за готвење

Подготовка:
Најпрво се мешаат брашното, какаото и шеќерот и во нив се додава млекото. Смесата се меша додека не стане хомогена и во неа се додаваат јајцата и растопениот маргарин. Смесата треба да ви биде малку погуста од онаа за обични палачинки. Палачинките се печат на класичен начин, но треба да бидат малку подебели од обичните. Овие состојки се доволни за 12 палачинки.

Кога палачинките ќе бидат испечени, се мати хоплата со шеќер додека не стане густа и цврста. Овошјето се сецка на ситни парчиња.

Секоја палачинка се филува со шлагот и се става сецкано овошје или чоколадо, а потоа се виткаат како ролат. Состојките за чоколадниот прелив се загреваат на тивок оган да се стопат. Со таа смеса се преливаат паличинките во чинија.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *