Top
bajadera

Рецепт за вкусна бајадера

Познавате некој кој не сака бајадера? Таа се вбројува во најслатките задоволства, а во нејзиниот вкус уживаме повеќе од 50 години. Затоа денес ви презентираме рецепт за домашна бајадера која не се пече и која често ќе си ја подготвувате.

Потребни состојки:
– 9 лажици вода
– 200г шеќер
– 150г мелени ореви, бадеми или лешници
– 250г мелени бисквити
– 170г путер
– 100г чоколадо за готвење
– малку рум

За прелив:
– 100г чоколадо за готвење
– малку масло

Подготовка:
Во тенџерче ставете ги водата и шеќерот на тивок оган додека шеќерот не се стопи потполно. Додадете го путерот и тргнете го садот од оган. Мешајте додека путерот не се стопи. Кога ќе се стопи путерот додадете ги оревите (бадемите, лешниците) и бисквите и мешајте додека не добиете густа хомогена смеса. Добиената смеса поделете ја на два дела. Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во едниот дел од смесата. Во другиот дел додадете малку рум. Во тава ставете хартија за печење и ставете го првиот дел од смесата (оној со чоколадо) и убаво израмнете по целата површина. Врз него ставете го вториот дел (со рум) и повторно израмнете ја површината. На крај стопете го чоколадото со малку масло на пареа и прелијте ја бајадерата. Подготвената бајадера оставете ја во ладилник убаво да се зацврсти.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *