Top
kuglov-kolac

Рецепт за вкусен куглов колач

Кугловиот колач има уникатен облик кој може да поднесе различни состојки и зачини. Рецептот кој денес ви го презентираме има специфичен вкус и хранлива вредност која може да замени појадок или вечера.

За подготовка на овој вкусен куглов колач потребни се следниве состојки:
– 180ml кисела павлака или јогурт
– 150ml млеко
– сок од еден портокал
– 400g тиква
– 250g брашно
– 100g шеќер
– малку сол
– 15g прашок за печиво
– 2 лажици кокос
– рендана кора од портокал
– 100g сецкано бело чоколадо
– 100г сецкани бадеми
– ѓумбир
– цимет

Начин на подготовка:
Најпрво сварете ја тиквата, исцедете ја целата вода од неа и пасирајте ја со вилушка. Оставете ја да се олади, а потоа додадете го јогуртот или павлаката, млекото и сокот од портокал и добро промешајте. Во посебен сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта, кокосот, кората од портокал, белото чоколадо, бадемите и зачините. Таа мешавина додадете ја во мешавината со тиква и мешајте додека смесата не се соедини. Ставете ја смесата во калап и печете 25-30 минути во загреана рерна на 200°C, а потоа намалете ја на 180°C. Откако ќе се испече колачот оставете го во калапот комплетно да се олади, за да можете лесно да го извадите од него. Бадемите и белото чоколадо можете да ги изоставите или пак да ги замените со лешници или ореви.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *