Смоквата е слатко, вкусно и многу здраво овошје кое е полно со витамини и минерали. Освен свежи, смоквите можете да ги консумирате и суви, но и да направите вкусен џем. Во продолжение следува вкусен рецепт за џем кој се подготвува на многу едноставен начин.
Потребни состојки:
– 5kg свежи смокви
– 250g шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 150g мед
– рендана кора од 3 портокало
– 2 кафени лажички цимет
– 1 кафена лажичка лимонска киселина во прав
Подготовка:
На тивок оган растопете го шеќерот додека не добиете златно жолта боја, па потоа додадете го медот. Смоквите исечете ги на четвртинки и додадете ги во претходно стопената смеса. Оваа смеса треба да се вари 90 минути. Кога ќе добиете кашеста смеса, додадете ја рендара кора од портокал, циметот, ванилиниот шеќер и лимонската киселина. Сето тоа нека се вари уште 30-тина минути.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!