Top
Topeno-sirenje-iLike-mk

Рецепт за топено сирење во грне

Ако сте љубители на сирење, тогаш мора да го пробате овој едноставен и превкусен рецепт за топено сирење.

Потребни состојки:
– 200g сувомеснато (печеница, пршута, свински врат, кулен, шунка)
– 200g шампињони
– 600g фета сирење
– 200g мек кашкавал (ајдамер)
– кечап
– оригано
– бешамел сос

Подготовка:
Најпрво направете го бешамелот. Фета сирењето исечете го на парчиња. Во поголем сад, во кој ќе го печете сирењето ставете половина од сирењето и прелијте го со половина бешамел сос. Над сосот ставете ги сувомеснатото, сецкани печурки, кечап, додадете оригано и ставете неколку парчиња кашкавал. Над кашкавалот, додадете го преостанатото сирење, прелијте со бешамел со и завршете со парче кашкавал. Тавата ставете ја во незагреана рерна и вклучете ја на 200 целзиусови степени. Печете 30 минути, односно додека кашкавалот добие убава боја.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *