Top
tuna

Рецепт за ролат со туна

Денес ви презентираме еден вкусен рецепт чија подготовка е многу брза.

Состојки:
1 лист обланди
2 конзерви туна
100g пченка
3 кисели краставички
2 варени моркови
2 лажици пржен сусам
100g маргарин
сол и бибер

Подготовка:
Обландата се става помеѓу две влажни крпи да омекне. Туната се цеди од маслото, потоа се додава изматен маргарин и се миксира. Се додаваат три исечкани кисели краставички, исечкани морков, пченка и пржен сусам. Сето тоа се соединува и се премачкува целата обланда. Потоа се витка во ролат. Се остава во фрижидер кратко време за да се здрви. На крај се декорира со сенф или кечап.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>