Има ли некој кој може да одолее на вкусен десерт? Денес ви презентираме еден супер вкусен десерт.
Потребни состојки:
• 400гр шеќер
• 450гр гриз
• 1,4л млеко
• 250гр путер
• 2 лажици изрендана кора од портокал
• 50гр суво грозје
Подготовка:
Ставете го млекото да се вари на средна температура. Во друг сад стопете го шеќерот, мешајќи постојано за да не загори. Кога шеќерот ќе се растопи и ќе добие крем боја намалете го огнот и постепено додавајте го млекото. Мешајте се додека целиот шеќер не се стопи. Префрлете ја смесата во друг сад. Потоа стопете го путерот на мал оган, па додавајте го гризот и мешајте се додека смесата не добие кафена боја. Потоа додадете го сувото грозје, кората од портокалот и млекото. Промешајте неколку пати за да не се создадат грутки, затворете го садот и варете го на мала температура неколку минути, додека смесата не се згусне. На крај сервирајте го стаклени чинии и по желба додадете јаткасти плодови или овошје.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!