Top
leb so bademi

Рецепт за леб со бадемово брашно

Доколку внимавате на својата линија и се трудите да се храните здраво, а сепак тешко ви е да се откажете од леб, пробајте го овој рецепт кој е многу поздрава варијанта. Освен што е вкусен, истиот е високопротеински леб кој ќе ве засити.

Потребни состојки:
300g немасно сирење
100g мелени бадеми
100g сецкано ленено семе
100g сецкани овесни снегулки
1 лажичка сол
1/2 прашок за печиво
8 белки
2 лажици сусам

Подготовка:
Најпрво во длабок сад измешајте ги сувите состојки, потоа постепено додадете ги изматените белки и сирењето и добро измешајте. Правоаголниот калап за леб обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата. Печете 50-60 минути на температура од 180°C. Лебот се сече откако целосно се излади. По желба може да додадете и сецкани семки од тиква и сончоглед.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *