Доколку немате време да подготвите класични кифлички, ова е одличен и брз рецепт кој ќе ве воодушеви.
Состојки:
100гр маргарин
100 гр сирење или урда
100гр брашно
1 жолчка од јајце
Ким/сусам
Сол
Подготовка:
Замесете маргарин, рендано сирење или урда и брашно. Мазното тесто оставете го да отстои малку на ладно место.
Потоа разредете го со сукало (дебелина 1cm), исечете ги соленките, премачкајте со изматена жолчка, посипете со ким или сусам и посолете.
Ставете во загреана рерна на 200° и печете додека не добијат жолтеникава боја.
Уживајте!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!