Top
spageti

Предлог за ручек: тестенини со пилешко месо

Ако се мислите што да ручате денес, ние имаме супер брза и вкусна идеја за денешниот ручек: тестенини со пилешко месо.

Потребни состојки:
300g пилешки стек
100ml бело вино
магдоно
1 главица кромид
3 чешлниња лук
маслиново масло
сол
црн пипер
350g тестенини

Подготовка:
Тестенините сварете ги, прелијте ги со ладна вода и оставете ги да се изладат. Кромидот исечкајте го на ситно, а пилешкото месо на коцки. Загрејте маслиново масло и испржете го кромидот. Посолете, зачинете па додадете го сечканото лукче. Потоа додадете го месото на коцки, прелијте го со бело вино и ситно сечкан магдонос. Динстајте додека не омекне пилешкото месо. Потоа сервирајте ги макароните па прелијте ги со месото и сосот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>