Ви дојдоа ненајавени гости и немате што да поставите на маса? Овие вкусни прстени од кромид се одлични за такви ситуации!
Подготовката е едноставна и мошне брза, а одат одлично во комбинација со ладно пиво.
Потребни состојки:
- 3 главици кромид со средна големина
- 3 белки од јајца
- 15 грама брашно
- 200 грама презла
- Мешавина од зачини (вегета, сув лук, оригано)
- Малку сол
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на температура од 250°C. Кромидот исечкајте го на кругови дебели околу 5 милиметри.
Во три подлабоки чинии ставете го брашното, претходно разматените јајца и презлата измешана со сол и зачини. Потоа, одвојте ги круговите кромид и убаво извалкајте ги прво во брашното, па во јајца и на крај во презлата со зачини. Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење и печете ги во загреаната рерна околу 25 минути.
Се служат со мајонез, кришки лимон, доматен сос или слатко-кисело сос.
Добар апетит!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Ммм… Вкусно!