Top
kokos-bombici

Подгответе си вкусни кокос бомбици

Денес за љубителите на слатки имаме супер рецепт за брза подготовка на кокос бомбици.

Потребни состојки:
250g бисквити
100g кокос
150g маргарин
200g шеќер во прав
100ml млеко
100g чоколадо за готвење
2 лажички со рум
кокос

Подготовка:
Маргаринот оставете го еден час на собна температура, па потоа изматете го со шеќерот во прав. Чоколадото растопете го во топло млеко и додајте лажичка кокос. Бисквитите измелете ги во блендер, па додајте ги во мешавината со чоколадо и кокос. Додајте ги румот и изматениот маргарин, помешајте добро додека не добиете изедначена смеса и оставете ја во замрзнувач кратко, колку да се зацврсти. Потоа обликувајте ги бомбиците и тркалајте ги во кокос.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>