Top
mus-od-praski

Подгответе си супер освежувачки десерт со праски

Во летниот период, кога најмногу ни е потребно освежување, ви презентираме рецепт за мус од праски.

Потребни состојки:
• 10 праски
• 200ml свежо исцеден сок од лимон
• 300ml вода
• 1 лажица желатин
• 70g шеќер
• 250ml шлаг
• неколку ливчиња нане

Начин на подготовка:
Најпрво излупете ги праските, исечете ги на мали парчиња и ставете ги во блендер. Додадете го сокот од лимон и блендирајте додека не добиете густо овошно пире.

Ставете го желатинот во водата и мешајте додека се соедини. Оставете го 4-5 минути, а потоа додадете го шеќерот и ставете ги на загреана плотна. Гответе 1-2 минути, постојано мешајќи, додека шеќерот не се стопи. Додадете ја смесата од желатин во пирето од праски и блендирајте додека не се соединат состојките. Истурете ја целата смеса во тавата и оставете ја во фрижидер барем 2 часа додека смесата не се зацврсти.

За крај, изматете го шлагот и додајте го во изладената мешавина од праска. Добро измешајте и сервирајте ја смесата во стаклени чинии или чаши. Украсете со ливчиња од нане и парчиња свежа праска.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *