Top
sladoled-od-jagodi

Подгответе си овошен сладолед од 3 состојки

Кога е во прашање сладоледот, ретко кој се решава да го подготви дома. Тоа е така бидејќи обично се поврзува со многу состојки и многу време за подготовка на истиот. Токму затоа, треба да го пробате овој рецепт за кој се потребни само 3 состојки, а состојките можете да ги замените зависно од вкусот.

Основата на рецептот е банана, а останатите состојки може да ги менувате зависно од вашата желба.
За овој рецепт ви се потребни:
– 1 банана
– јагоди
– свежи листови нане

Подготовка: Најпрво овошјето треба да замрзне. Потоа извадете го од замрзнувач и оставете го неколку минути да се стопи. Потоа, додека уште има замрзнати делови, изматете го со миксер. Миксајте или блендирајте додека не добиете густа паста. Ако е потребно, можете да додадете и малку вода. Додадете ги и ливчињата нане и смесата ставете ја во замрзнувач. На 15 минути мешајте ја смесата и повторно враќајте ја во замрзнувач.

Јагоди може да ставите колку сакате. Ако сакате да го засладите сладоледот, имајте на ум дека бананата исто така му дава блажина. Сладоледот може да го збогатите и со друго овошје или додатоци како чоколадо, карaмела и слично.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *