Top
napolitane-nuci-caramel

Подгответе си домашни наполитанки

Наполитанките се еден од вкусовите кои нѐ потсетуваат и нѐ навраќаат во детството. Ако и вие сте љубител на наполитанки, тогаш пробајте го овој рецепт.

Потребни состојки:
– 4 обланди
– 250g путер
– 200g шеќер
– 12 лажици вода
– 250g мелени ореви
– 250g мелени бисквити
– 100g чоколадо за готвење

Подготовка:
Путерот, шеќерот и водата ставете ги во сад за готвење на тивок оган додека не се соединат. Стопете го и чоколадото, па додадете ги бисквитите и оревите и мешајте додека не добиете кремаста смеса. Оставете ја смесата малку да се излади, а потоа поделете ја на 3 еднакви дела. Помеѓу сите обланди намачкајте од кремот. Обландите покријте ги со мрсна хартија за печење и на нив ставете тава за да ги притисне.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *