Top

Подгответе си чизкејк

Чизкејкот е еден од најпопуларните десерти ширум светот. Мошне едноставен, а вкусен. Составен од три дела: пандишпан, фил и сируп.

Потребни состојки:

- За пандишпанот: 300гр. мелени бисквити, 30гр. шеќер во прав, 100гр. путер и 60гр. кокос.

- За сирупот: 3дл. вода и 150гр. шеќер.

- За филот: 750гр. крем сирење, 20гр. шеќер, 50гр. густин, рендана кора од 1 лимон, 2 јајца и 500мл блага павлака.

Подготовка:
Сирупот ќе го подготвите брзо и лесно. Сварете ги водата и шеќерот, па добиениот сируп оставете го да се лади.
На ред е пандишпанот. Прво измешајте ги мелените бисквити, шеќерот во прав и кокосот. Потоа додадате ги растопениот путер и шеќерниот сируп. Добиената смесна истурете ја во сад за печење.
Изматете ги јајцата, шеќерот и сирењето, па додадете ги останатите состојки за филот. Истиот истурете го врз пандишпанот и печете на температура од 180 степени, околу 50 минути. Тортата ставете ја во фрижидер и оставете ја да стои некои 4 часа. Сервирајте со парчиња јагоди и нане.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *