Top
Оброк во чаша кој освежува и топи килограми

Оброк во чаша кој освежува и топи килограми

Високите летни температури го намалуваат апетитот, а готвењето на шпорет никому не му претставува задоволство. Пијалакот кој ви го презентираме денес е оброк кој ќе ве нахрани со здрави калории, витамини и минерали. Освен тоа, пијалакот освежува и помага во намалување на килограмите.

Потребни состојки:
– неколку листови спанаќ
– ½ шолја јагоди
– ½ краставица
– неколку ливчиња нане
– лажица сок од лимон или портокал

Начин на подготовка:
Овошјето и зеленчукот се сечат на парчиња и заедно со останатите состојки се ставаат во блендер. Откако добро ќе се измешаат, можете да додадете неколку коцки лед.

* Пијалакот содржи: железо, влакна, протеини, електролити, калиум, магнезиум, витамини К, А, Ц, Б1 и Б6, фолна киселина и флавоноиди.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>