Top
Smoothie

Напиток за ден полн енергија, насмевки и концентрација!

Да се храните здраво без добар план и подготовка е речиси невозможно. Кога имате напорен и зафатен ден, одберете да направите здраво смути што ќе одговара на вашите потреби на здрав начин. Во продолжение прочиајте за 3 брзи и здрави рецепти за да направите здрава и вкусна закуска која ќе ви биде вистинска енергетска бомба. Смутито ќе можете дури и да го однесете со себе на работа. Заборавете на готовите калорични производи купени во продавница, отсега, подготвувајте и пијте само домашен пијалок по ваш вкус.

Какао смути
Постојат денови кога навистина не можете да ја надвладеете желбата за слатки и чоколади. Ќе можете да го пиете овој пијалок, еднаш дневно. За ова смути, користете банана, бадемово млеко, ванила и какао. Направете мерка на состојки според вашите желби.

Тропско смути
Ако барате нешто за комплетно освежување, можеби нешто што умствено ќе ве однесе на плажа во Мајами? Земете ананас, манго, банана и некои црвени плодови (јагоди, малини или боровинки). Додадете јогурт и добро изблендирајте.

“Велнес смути”
Ако сте под стрес и немате енергија, тогаш овој велнес пијалок е совршен за вас! Богат е со состојки кои го стимулираат вашиот имунолошки систем. Дајте му го на вашето тело она што е потребно за да се чувствува добро, за да може да бидете полни со енергија и сила цел ден! Ви треба кокосово масло, замрзнат ананас, свеж ѓумбир, свежо исцеден сок од лимон, мед и куркума.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>