Top
Namirnici-so-chie-konsumiranje-polesno-kje-gi-podnesete-letnite-temperaturi-iLike-mk

Намирници со чие консумирање полесно ќе го поднесете летните температури

Постојат неколку намирници со кои можете да си помогнете во надминувањето на неподносливите летни горештини. Човековото тело чувствува благопријатен учинок од храната која содржи голем процент на вода и истата помага во хидратацијата на организмот.

ЛУБЕНИЦА
Ништо не е толку освежувачко колку парче зрела и ладна лубеница. Таа содржи голема количина на вода, а во едно просечно парче има само 50 калории, што ја прави совршена за оние кои внимаваат на својата линија. Добра е за срцето, содржи антиоксиданси кои го штитат организмот од рак и помагаат во намалувањето на болките во зглобовите.

КРАСТАВИЦА
Уште еден одличен борец против горештините. Не само што помага во разладувањето, особено ако на неа додадете малку сол или црн пипер, туку и го хидратизира организмот и ги елиминира токсините. Освен тоа, одлична е против мамурлак, помага при варењето на храната и ги содржи сите потребни витамини.

ЈОГУРТ
Без разлика на тоа каков вид на јогурт преферирате, сигурно ќе Ви биде од голема помош ова лето. Јогуртот е здрав, а во комбинација со свежо овошје може да има уште подобар ефект. Бидејќи фабричките овошни јогурти содржат големи количини на шеќер, најдобро е да си направите сами. Во обичен јогурт додадете исецкани парчиња од Вашето омилено овошје и засладете го со лажица мед . На овој начин ќе се освежите, а и ќе имате добро здравје.

ЛЕДЕН ЧАЈ
Ладната вода во големи количини е задолжителна поради летните горештини и постојаното потење. Меѓутоа, ладниот чај, пак е богат со кофеин и други важни витамини, а покрај тоа го освежува организмот. Затоа, тој е идеално решение за време на летните денови, особено за оние кои сакаат засладени пијалаци, меѓутоа, со важна напомена: оној што не е подготвен дома, можно е да содржи големи количини на шеќер!

МЕШАНА САЛАТА
Најдобрата работа поврзана со салатата е тоа што е нискокалоричен оброк кој освежува. Популарната шопска салата може да се најде во секој ресторан, а можете и да ја направите во Вашиот дом. Тешката храна прави да се чувствувате надуено и лошо, затоа скратете си ги маките и уживајте во лесен и освежувачки оброк по Ваша желба.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *