Top
leden-caj,-nane,-limon

Миризлив пијалак кој го забрзува метаболизмот

Еден од виновниците за вишокот килограми е бавниот метаболизам. За негово нормално функционирање е потребно внесување на здрава храна и пијалаци. Еден од таквите пијалаци има само 3 состојки кои не само што ќе ја забрзаат неговата работа, туку и ќе го исчистат телото од токсини.

Зелениот чај има бројни предности за човечкиот организам, a една од нив е одржување на витка линија како резултат на неговото дејство врз метаболизмот и согорувањето на вишокот масти. Ако во него ги додадеме и чудотворните сојузници за забрзување на работата на метаболизмот и прочистување на телото од токсини, мента и цитрус, резултатот ќе биде вкусен и ефикасен пијалак.

Состојки:
– 1l вода
– 5 филтер ќесички зелен чај
– 1 портокал (може да го замените со цитрон или лимон)
– малку свежо нане

Подготовка:
Најпрво направете го чајот и оставете го да се излади. Потоа излупете го портокалот и исечете го на мали парчиња. Во изладениот чај додадете ги парчињата портокал и мента. Пијалакот оставете го во ладилник во текот на ноќта за да можат сите состојки да се соединат. Пијалакот процедете го и консумирајте по една шолја пред појадок, ручек и вечера.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *