Top
kafe so kalua

Ледено освежување: кафе со калуа

Температурите постепено веќе достигнуваат до ниво на кое ни е потребно разладување. Токму тоа го овозможува ова вкусно кафе.

Потребни состојки (за 2 кафиња):
100ml еспресо
40ml млеко
40ml Калуа
2 лажички шеќер во прав
лед

Начин на подготовка:
Ставете ги ледените коцки во шејкер. Ставете го подготвеното еспресо во шејкерот и врз него додадете ги и останатите состојки. Тресете 20-тина секунди со цел еспресото целосно да се илади и потоа претурете во 2 стаклени чаши. Пријатно освежување!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *