Top
lazanji-so-tomato-iLike-mk

Лазањи со доматен сос

Изненадете ги вашите блиски со вкусни лазањи со сос од домати. За подготовка на истите ќе ви бидат потребни 500 грама лазањи, а ќе потрошите околу 70 минути.

Потребни состојки за бешамел сос: 50 грама путер, 50 грама брашно, 750 мл млеко, сол и морско оревче.

Потребни состојки за сосот од домати: 1 главица кромид, маслиново масло, 1 чешне лук, 200 грама целер, 300 грама домати, 2 парчиња морков, 100 грама сирење, 1 лажичка оригано, бибер и ловоров лист.

Подготовка:
Почнувате со подготовка на бешамел сосот. Во мала тава правите светла (бела) запршка од путер и брашно, го додавате млекото и мешате околу 5 минути. На крајот додавате малку сол и морско оревче.
Продолжувате со сосот од домати. Ситно сецканиот кромид пропржете го со маслиновото масло. Додадете ги ситно изренданиот целер и моркови, како и лукот. Динстајте ги на тивок оган додавајќи малку вода. Потоа, додадете ги сирењето и зачините и оставете ги на тивок оган околу 30 минути.
Наредете ги лазањите во огноотпорен сад, а на секој ред нанесете од претходно подготвените сосови. Печете 30-40 минути, на температура од 150 степени.

На крај, можете да декорирате со маслинки.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>